Челниците на Пари сен Жермен немаат намера да застанат со трошењето пари во овој преоден рок. Трансферот на Нејмар е комплетиран, оној на Килијан Мбапе е пред реализација, а „светците“ во меѓувреме се обидуваат и да го решат проблемот со голманската позиција, доведувајќи го Пепе Реина.
Прв избор на ПСЖ останува Јан Облак, но францускиот клуб е свесен дека по Мбапе и Нејмар нема да може да реализира и трет мегатрансфер, па затоа вниманието сега е насочено кон искусниот Шпанец. Реина неодамна потпиша нов едногодишен договор со Наполи, но ПСЖ му нуди договор на „две плус една“ години, за заработувачка од четири милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од она што го добива кај „наполитанците“.
Голманот веќе ја прифатил понудата, но Наполи одбил седум милиони евра. Сепак, „светците“ најавиле нова понуда, решени да го доведат ексголманот на Ливерпул и на Баерн Минхен на „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА