ПСЖ некако успеа да слави против Нант (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен многу потешко од очекуваното успеаја да слават на домашен терен против Нант со 4-2 во последниот натпревар пред реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите како дел од 26. коло во француската Лига 1.

„Светците“ со погодокот на Лионел Меси во 12. минута и автоголот на Хаџам во 17. минута брзо стигнаа до водство од 2-0. Кога се мислеше дека натпреварот е решен, гостите преку Блас во 31. и Ганаго во 38. минута успеаја на полувреме да заминат со реми (2-2).

Домаќините до ново водство (3-2) стигнаа со голот на Данило Переира во 60. минута, додека конечните 4-2 ги постави Килијан Мбапе во 92. минута гол кој беше 201 за Францунот во ПСЖ со кој стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

 

PSG [3] – 2 Nantes – Danilo 60′ from soccer

 

 

 

 

Се вчитува...