ПСЖ нема милост кон Реал: „Светците“ тргнуваат во напад за трансфер на Винисиус

Винисиус Жуниор игра во неверојатна форма оваа сезона во дресот на Реал Мадрид. „Кралевите“ ќе се обидат да му понудат нов договор, бидејќи актуелниот му истекува во јуни 2024 година.

Сепак, во комбинација сега влегува и ПСЖ, кој сака да му се одмазди на Реал заради Килијан Мбапе.

Французинот идното лето ќе се пресели на „Сантијаго Бербанеу“ како слободен агент откако ќе му истече договорот. Парижаните како негова замена сакаат да го доведат Винисиус Жуниор и се подготвени на младиот Бразилец да му понудат многу поголема плата од неговиот актуелен клуб.

Реал сигурно ќе бара и огромно обештетување доколку се реши да го продаде Винисиус, но тоа е малку веројатно со оглед на неговата сегашна форма, но и потенцијалот дополнително да напредува.

Се вчитува...