ПСЖ никако да најде тренер, сега се врти кон Артета

Откако беше отрфлена можноста Јулијан Нагелсман да го презеде кормилото на ПСЖ, а претходно беа „откачени“ од Зинедин Зидан, „светците“ и натаму се во потрага по нов тренер.

Според последните информации, ПСЖ сега ќе се обиде да го откупи договорот од Микел Артета, кој има важечки договор со Арсенал.

Спортскиот директор Луис Кампос имал веќе контакти со Артета, и во следните денови ќе ги почне преговорите со неговиот тим за евентуална отштета која „топчиите“ ќе ја побараат за да го пуштат во Париз.

Претходно имаше шпекулациија дека Луис Енрике вечерва ќе треба да пристигне во Париз на завршни преговори, меѓутоа таа информација не беше потврдена.

Се вчитува...