Амбициозната управа на ПСЖ пред десетина години предизвика „земјотрес“ во светскиот фудбал плаќајќи 222 милиони евра за да ја активира клаузулата и да го доведе Нејмар од редовите на Барселона. Една деценија подоцна, „светците“ се подготвуваат да го урнат овој рекорд како најскап трансфер на сите времиња, и тоа повторно со фудбалер од редовите на Барса.
Ламин Јамал е фудбалерот што актуелниот европски првак сонува да го доведе во Париз, а добро познато е дека богатите катарски газди не жалат пари за да си ги остварат најголемите желби. Барса минатото лето одби огромни 250 милиони евра од ПСЖ за Јамал, но „светците“ веќе подготвија нова понуда за која се убедени дека ќе добијат поинаков одговор.
Огромни 350 милиони евра изнесува сумата францускиот гигант е подготвен да ја плати, понуда што официјално ќе биде доставена до Барселона пред почетокот на СП 2026. Станува збор за сума што за 50% би го надминала актуелниот рекорд за најскап трансфер, што според челниците на ПСЖ треба да биде доволно за Барса и Жоан Лапорта да дадат зелено светло.
Јамал делува пресреќен во Барселона, но Ал Келаифи и неговите соработници се подготвени да му дадат плата од 50 милиони евра по сезона (со што би бил најплатен играч во европскиот фудбал) за да го убедат суперталентот да тргне по стапките на Нејмар, од Барселона да се пресели во Париз…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

