ПСЖ од „амбисот“ до трофејот во Суперкупот на УЕФА (ВИДЕО)

Фудбалерите на актеулниот европски шампион Пари Сен Жермен стигнаа до трофејот во Суперкупот откако во трилер меч по изведување на пенали славеа против Тотенхем со 4-3, откако по 90 минути игра беше 2-2.

Англискиот премиерлигаш поведе со 0-1 со погодокот на Мики ван де Вен во 39. минута од натпреварот.

Во вториот дел на 0-2 зголеми Кристијан Ромеро во 48. минута и тоа по големата грешка на новиот голман на ПСЖ кој треба да биде замена за Донарума, Лукас Шевалие.

Англичаните имаа се во свои раце се до 85. минута кога ПСЖ преку Ли Канг-Ин намалија на 1-2, додека Гонсало Рамош во 93. минута израмни на 2-2.

До крајот на мечот останаа овие 2-2, по што директно се премина кон изведување на пенали. Таму, прво Витиња не реализираше за ПСЖ, а потоа и Ван де Вен беше спречен, па по три серии беше 2-2. Младиот Тел го промаши цел го во четвртата серија, па до крајот со головите на Ли Канг-Ин и Нуњо Мендеш ПСЖ стигна до трофејот во Суперкупот.

PSG vs Tottenham – Penalty shootout (UEFA Super Cup Final)
byu/ayoefico insoccer

Лондонскиот клуб го загуби првото финале во ова натпреварување и тоа во првиот меч, а ПСЖ стигна до првиот трофеј откако во 1996 година беше поразен тогаш во двомечот против Јувентус со вкупни 9-2.

Се вчитува...