Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека постоел план за враќање на Нејмар на „Камп ноу“. Пред Меси да замине во Париз, Барселона летово сакала да го доведе Бразилецот.
Од раководството на Каталонците испратиле понуда до ПСЖ вредна 80 милиони евра за обештетување која веднаш била одбиена од „светците“. Четири години претходно ПСЖ го доведе Нејмар за 222 милиони евра па затоа понудата веднаш била одбиена.
ПСЖ летово направи „дрим-тим“ откако покрај Меси успеа да ги доведе и Рамос, Донарума, Хакими, Жоржињо, Вајналдум…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА