ПСЖ вечерва и официјално промовиран со новата шампионска титула во Франција, по поразот на Монако на гостувањето кај Лион 3-2.
На тој начин, Монако ги загуби и теоретските шанси да го стигне ПСЖ во трката за шампионската титула.
А, Монако поведе со голот на Бен Једер на стартот од мечот, за да Лаказат и Бенрама до крајот на првото полувреме донесат пресврт од 2-1 за Лион. Монако повторно преку Бен Једер во 60. минута израмни на 2-2, за да победата на Лион ја донесе Фофана во 84. минута од средбата.
Лион е на делба на седмата позиција со 44 бодови, додека Монако остана на втората позиција со 58 бода, сега 12 помалку од ПСЖ на три кола до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА