ПСЖ не ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Ремс, и одигра само без голови. Една од причините за ваквиот резултат лежи и во исклучувањето на Серхио Рамос во 41. минута, кога доби два жолти картони во период од 30 секунди.
После тоа исклучување, ПСЖ тешко играше со десетмина на теренот, па дури Ремс во финишот можеше да стигне до големо изненадување и до победа на овој дуел.
Со ова реми, ПСЖ пропушти можност да се одлепи на првото место на табелата, со оглед дека денеска Олимпик Марсеј загуби на домашен терен од Ајачио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА