ПСЖ ќе биде значително ослабен за утрешното гостување против Лориен откако тренерот Галтие реши да не ризикува со Лео Меси откако Аргентинецот се пожали на болка во пределот на тетивата.
Лекарскиот тим на ПСЖ утврди дека проблемот не е сериозен, но во ситуација кога стартот на Мундијалот е закажан за една седмица, стручниот штаб реши да не ризикува со настап на Меси против Лориен. Така, Аргентинецот воопшто нема да патува со тимот за ова гостување, исто како и Кимпембе, Кејлор Навас и Фабијан Руиз.
ПСЖ има скор од 11 победи и две реми во првите 13 рунди од францускиот шампионат и со 35 бода се наоѓа на првото место на табелата, со пет бода предност во однос на второпласираниот Ленс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА