Пари сен Жермен повторно загуби бодови во францускиот шампионат откако актуелниот првак одигра само 1-1 на гостувањето против Лил, и тоа со примен гол буквално во последната секунда од натпреварот.
Двата тима не создадоа премногу шанси за гол во првото полувреме, по што ПСЖ прв поведе во вториот дел преку Мбапе, кој беше прецизен од белата точка откако Хернандез беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.
Лил се отвори, почна да создава шанси во противничкиот шеснаесетник, но домаќините до триумф стигнаа буквално во последната секунда по една катастрофална грешка на Асенсио, откако една одбиена топка стигна до Дејвид, а канадскиот голгетер од три-четири метри со глава ја турна кон мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА