ПСЖ освои само еден бод и остана без првото место

Шампионот ПСЖ ремизираше 1-1 на гостувањето против Ница, со што „светците“ го загубија првото место на табелата и сега заостануваат два бода зад лидерот Монако.

Ница беше подобар противник во првото полувреме, во кое ПСЖ имаше повеќе од поседот, но без идеја да се загрози голот на домаќините. Од неколкуте шанси, домашните фудбалери ја искористија онаа во 39. минута кога Абди шутираше од дваесетина метри, топката го закачи Нуњо Мендеш и заврши во мрежата на Донарума.

„Светците“ тргнаа во офанзива во второто полувреме, а таквиот пристап им донесе израмнување во 52. минута. Повторно во главна улога беше Нуњо Мендеш, левиот бек овојпат силно шутираше, а со помош на еден од домашните дефанзивци кој ја закачи топката успеа да израмни на 1-1.

ПСЖ тргна во офанзива, Маркињос го погоди дирекот, гостите од Париз промашија уште неколку убави шанси, па овој интересен натпревар заврши со поделба на бодовите.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...