ПСЖ пак побара услуга, но беше веднаш одбиен

Дербито на францускиот шампионат меѓу Ленс и ПСЖ што треба да се игра на 11 април нема да биде презакажано, откако управата на Ленс експресно го одби барањето на „светците“ за одложување на натпреварот.

ПСЖ на 8 април го пречекува Ливерпул во четвртфиналето на ЛШ, реваншот е закажан за 14 април на „Енфилд“, па Луис Енрике и клупските директори побараа дербито со Ленс да биде презакажано за друг термин. Впрочем, ПСЖ така го презакажа мечот со Нант што требаше да го игра меѓу двете осминфинални средби со Челси, но овојпат ситуацијата е поинаква бидејќи Ленс е главен ривал на гигантот од Париз во трката за титулата.

Од раководството на Ленс експресно порачаа дека немаат намера да излезат во пресрет на ваквото барање на ривалот, по што е повеќе од јасно дека тоа големо дерби ќе остане на веќе закажаниот термин – 11 април.

ПСЖ во моментов има само еден бод предност, но и натпревар помалку во однос на второпласираниот Ленс.

Се вчитува...