ПСЖ пак со „минималец“, Дембеле промаши пенал

ПСЖ и во второто коло од францускиот шампионат славеше со минимални 1-0, овојпат на премиерата на „Паркот на принцовите“ во која избраниците на Луис Енрике за противник го имаа Анже.

Мечот мина во апсолутна доминација во поседот на топката на домашниот тим, а најголемата шанса во првото полувреме ја пропушти Дембеле, кој имаше пенал, но шутираше високо над гредата.

Иницијативата сепак вроди со плод во почетните минути од второто полувреме, кога Фабијан Руиз одлично шутираше и постигна гол што се покажа победнички на овој натпревар.

Се вчитува...