ПСЖ победи во Купот, ама Нејмар се повреди

Пари Сен Жермен го совлада Стразбур со 2-0 и се пласира во осминафиналето на Купот на Франција, но тренерот Томас Тухел е загрижен за повредата на бразилскиот ас Нејмар. Тој го повреди скочниот зглоб и мораше да го напушти мечот по еден час игра. Нејмар во солзи излезе од теренот, што е јасен знак дека повредата не е наивна.

Единсон Кавани и Анхел Ди Марија беа стрелци на головите за ПСЖ на овој меч.

Се вчитува...