ПСЖ победува и без Лео Меси

ПСЖ се зацврсти на првото место во францускиот шампионат откако „светците“ триумфираа на гостувањето против Лориен со 1-2. Лео Меси го пропушти овој дуел поради ситна повреда, но ПСЖ и без помошта на аргентинскиот генијалец успеа да го скрши отпорот на незгодниот противник.

Дуелот почна со голема грешка на домашниот голман, по која Нејмар немаше проблем од непосредна близина да ја смести топката во мрежата.

Лориен на стартот од второто полувреме успеа да стигне до израмнување, но трите бода за ПСЖ ги осигура Данило Переира со гол во 81. минута.

Се вчитува...