Фудбалерите на ПСЖ експресно се вратија на чело на табелата во францускиот шампионат, славејќи со 1-2 на незгодното гостување против Стразбур. Успехот е уште поголем ако се знае дека „светците“ последните 20 минути ги одиграа со играч помалку, но и во таква ситуација успеаја да постигнат победнички погодок.
Голманот Сафонов беше херој со одбранет пенал во првото полувреме при 0-0, ПСЖ потоа поведе преку Мајули, но Стразбур искористи еден од неколкуте опасни противнапади за да израмни преку Дуе.
Шампионот продолжи да напаѓа дури и по црвениот картон на Хакими во 75. минута, а ваквиот пристап придонесе левиот бек Мендеш шест минути подоцна да стрела прецизно за голема победа на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

