Луис Енрике го одржа ветувањето дека на преостанатите две средби од француското првенство ќе ги одмори клучните фудбалери за финалето од ЛШ. Тоа воопшто не се одрази врз играта и резултатот на францускиот првак, кој вечерва како гостин го декласираше Монпелје со 1-4. Мајулу го отвори резултатот пред крајот на првиот дел, а второто полувреме мина во знакот на Гонсало Рамос, кој постигна хет-трик во овој триумф на „светците“ од Париз.
Монако славеше во клучниот дуел против Лион со 2-0, резултат со кој „кнезовите“ на едно коло до крајот го осигураа билетот за учество во Лигата на Шампионите наредната сезона. Јапонецот Минамино беше играчот што го отвори резултатот во 62. минута, а шест минути подоцна печат на победата стави Закарија.
Битката за четвртото место ќе биде максимално неизвесна во последното коло, откако Стразбур, Ница и Лил сите загубија вечерва, па во последните 90 минути ќе влезат со идентични 57 бода на своите салда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

