ПСЖ почна преговори за ангажман на Мурињо

Челниците на ПСЖ, и покрај сите останатите проблеми со кои се соочуваат во клубот во моментов, сериозно размислуваат околу нов стратег на тимот па почнале преговори за ангажман на Жозе Мурињо.

ПСЖ бара личност која ќе го однесе тимот до трофеите во Европа, па го пронашле во името на Мурињо кој има европски титули во Лигата на шампионите со Интер и со Порто, а трофеј во Лигата на Европа со Манчестер јунајтед, додека со Рома минатата сезона го освои трофејот во УЕФА Конференциската лига.

Преговорите во моментов се меѓу ПСЖ и Мурињо, додека Рома не е вклучена во тоа. Рома ќе биде вклучена дури ако двете страни се согласат дека сакаат меѓусебна соработка. Францускиот тим во тој случај на Рома ќе треба да и плати одреден износ како отштета, со оглед на тоа што Португалецот има договор со „волчицата“ до јуни 2024 година.

Се вчитува...