ПСЖ со 4-0 го совлада тимот на Олимпик Марсеј во дербито на францускиот шампионат. По победата четири фудбалери славејќи со играчите, се обвинети дека пееле навредливи песни. Токму од тука француската Лига 1 ќе поведе постапка против ПСЖ, а четирите играчи ќе мора да дадат изјави пред дисцилплинската комисија.
Хакими, Коло Муани, Курзава и Дембеле заедно со навивачите пееле навредливи песни против Олимпик Марсеј, истите кои навивачите на ПСЖ ги скандирале за време на мечот.
Сега четворицата играчи заедно со официјални лица на клубот се повикани пред дисциплинската комисија на 5. октомври. Претходно ПСЖ ќе гостува во Њукасл во натпревар од Лигата на шампионите.
Министерката за спорт на Франција на социјалните мрежи истакна загриженост од скандирањето на играчите на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА