ПСЖ се уште се обидува да го убеди Килијан Мбапе да потпише нов договор со клубот, но директорот Леонардо паралелно со тоа ги планира и останатите потези на пазарот во текот на летниот преоден рок.
„Светците“ се свесни дека во моментов имаат проблем во средниот ред, а решението го гледаат во ангажманот на Сергеј Милинковиќ Савиќ. Српскиот репрезентативец и сезонава игра во одлична форма во дресот на Лацио, повторно привлекувајќи го вниманието на клубови како Јувентус, Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед. Во таборот на ПСЖ се убедени дека можат да излезат како победници од оваа трка, поради што веќе ги почнаа разговорите со раководството на Лацио.
Римскиот клуб инсистира на отштета од 100 милиони евра, во ПСЖ не се подготвени да понудат повеќе од 80 милиони, но кај двете страни постои оптимизам за договор бидејќи ПСЖ би можел во понудата да вклучи и дел од своите играчи. Вајналдум е една од опциите на фудбалери кои би можеле да се преселат на „Олимпико“, исто како и левиот бек Бернат и германскиот интернационалец Дракслер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА