Раководството на ПСЖ најде рецепт како да се ослободи од конкуренцијата за потписот на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ – Савиќ. „Светците“ нудат вртоглави 170 милиони евра, понуда која претседателот на Лацио Клаудио Лолито, не ќе може да ја одбие. Според информациите од „Кориере дело спорт“, супер – агентот Жорге Мендеш е посредникот на овој огромен „дил“, Лацио добива помош од Мендеш за речиси сите трансфери.
Интересот за 22-годишниот фудбалер на „орлите“ се повеќе се зголемува. Савиќ со секој настап импресионира, па не е ни чудо што најголемите гиганти веќе почнаа да се „тепаат“ за неговиот „автограм“, но ПСЖ засега нуди недостижна сума со која би ги осигурале неговите услуги и би го направлте третиот нјскап фудбалер во историјата. Па така францускиот вицешампион ќе ги има трите најскапи играчи во своите редови – Нејмар, Мбапе, Милинковиќ – Савиќ.
Барселона беше последниот гигант кој истакна интерес за плејмејкерот на Лацио. „Каталонците“ дури испратија свои скаути да ги следат настапите на Србинот, а наводно имаа подготвено и понуда од 110 милиони евра за која се уште нема одговор од таборот на Калчолигашот. Клубовите од Манчестер можат да конкурираат на понудата од Барса, но не и на ПСЖ, кои во Сергеј гледаат наследник на 35-годишниот Тијаго Мота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА