Богатиот француски клуб Пари Сен Жермен ја загуби трката за шампионската титула оваа сезона, па сака сериозно да го реновира составот за следното првенство. Раководството на „светците“ нема да жали пари за нови засилувања, а тоа веќе и го покажува со понудата за Иван Перишиќ. ПСЖ испрати понуда вредна 55 милиони евра за ангажман н хравтскиот интернационалец од редовите на Интер.
Италијанскиот калчолигаш ќе има нов тренер следната сезона, се чека именувањето на Лучијано Спалети по завршувањето на шампионатот во Серија А, па тогаш најверојатно и ќе следи одговорот на „нероаѕурите“ на оваа понуда. На Интер му е потребен влез на нови финансии за да го испочитува финансискиот фер-плеј на УЕФА, па речиси сигурно ќе му биде дозволено на Перишиќ да си замине. Но, во игра за негов ангажман е и Манчестер јунајтед, со оглед дека Жозе Мурињо неколку пати го следеше во живо на настапите за Интер, но и во дресот на хрватската репрезентација на „Максимир“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА