Раководството на францускиот шампион Пари Сен Жермен не планира во екипата да го задржи незадоволниот Нејмар и се поизвесно е дека Бразилецот наскоро ќе се врати во редовите на Барселона.
Клубот од Париз е подготвен да направи значајни отстапки во преговорите со Каталонците, пренесуваат медиумите во Шпанија. Тие се подготвени покрај одредената сума на пари, во замена за Нејмар да добијат еден или повеќе фудбалери.
Двете страни ги почнале преговорите, а Барселона е подготвена за услугите на Нејмар да плати 100 милиони евра и да испрати двајца свои фудбалери на „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА