ПСЖ постигна договор со главниот дефанзивец

Стоперот на ПСЖ Маркињос постигна договор со челниците на францускиот клуб за продолжување на договорот до 2027 година, пренесуваат француските медиуми.

Маркињос има договор до 2024 година, но во следните денови ќе биде обелоденето дека ќе остане најмалку до 2027 година. 28-годишниот стопер после повеќемесечни преговори одлучи да остане верен на парискиот клуб.

Во минатото Маркињос играше за Рома, а во 2013 стигна во Париз за 31 милиони евра. Претходно настапуваше за Коринтијанс.

Во следните денови би требало да се знае и судбината на Лионел Меси во парискиот клуб. Тој е блиску до заминување од ПСЖ и враќање во Барселона, а според најавите од Франција, францускиот првак на лето ќе претрпи многу промени во играчкиот кадар.

Се вчитува...