Ракометарите на ПИК Сегед ќе играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако на реванш-дуелот против ПСЖ приреди вистинска сензација среде Париз победувајќи го фаворитот со 25-35.
Составот на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалес одигра очаен натпревар, па и покрај победата од 30-31 на првиот натпревар во Унгарија сега не личеше на ништо за сосема заслужена елиминација.
Уште во првото полувреме Унгарците јасно покажаа дека се решени да одат на победа добивајќи го првиот дел со 11-17, а во второто полувреме продолжувајќи идентично дојдоа до конечен триумф.
Во четвртфиналето, битката за место на Ф4, ПИК Сегед ќе игра против Барселона.
Во четвртфиналето пласман обезбедија и Нант, Магдебург и Фуксе Берлин, како и Веспрем, Алборг и Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА