За Адриен Рабио нема веќе место во тимот на Пари Сен Жермен. Тој ќе си седи на клупа до крајот од овој дел од сезоната или пак до крајот од сезоната ако не си замине во јануарскиот преоден рок. Потврда за ова дојде од спортскиот директор во клубот, Антеро Енрике кој важи за клучна фигура во носењето на ваквите одлуки.
Рабио отфрли три понуди за продолжување на договорот со клубот. Актуелниот договор му истекува на крајот од оваа сезона. И тренерот Тухел неодамна изјави дека би било многу логично Рабио да си замине во јануари.
За Рабио интерес покажуваат неколку големи европски екипи, Јувентус, Барселона, Ливерпул, а на листата е и Челси кој според британските медиуми дури е и во пол позиција во трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА