ПСЖ повторно без најдобриот фудбалер

Усман Дембеле дефинитивно нема среќа со повредите сезонава, најдобриот светски фудбалер за 2025 неодамна се врати на терените, но на последниот дуел од ЛШ против Монако заработи нова повреда.

Крилниот офанзивец мораше да биде заменет уште во првото полувреме од пресметката со „кнезовите“, а деталните прегледи потврдија нови проблеми со мускулот на ногата на францускиот репрезентативец.

Она што е сигурно, Дембеле нема да може да настапува викендов против Мец, како и на реваншот со Монако, а новите прегледите следната седмица ќе покажат кога Луис Енрике ќе го има повторно на располагање својот најдобар фудбалер.

Добра вест за „светците“ е што со тренинзи со полна пареа продолжи Фабијан Руиз, одличниот шпански играч за врска кој би требало да се најде на клупата за резерви за реваншот со Монако.

Се вчитува...