Бразилецот Нејмар не сака да остане во францускиот првак Пари Сен Жермен, јасно го покажува тоа со своето однесување иако се приклучи на составот и мора да ги извршува задачите. Сепак, нема насмевка на неговото лице и чека дозвола од клупските структури за да замине. Во опција се Барселона и Реал Мадрид, а според информациите од Франција, „светците“ многу повеќе би сакале тој да замине на „Сантијаго Бернабеу“.
Пари Сен Жермен му го понудил Нејмар на Реал Мадрид за 180 милиони евра. Тоа е за 42 милиони евра помала сума од неговиот рекорден трансфер од „Камп Ноу“ во Париз. Доколку Флорентино Перез и Зидан Зидан се согласат, трансферот би можел да се реализира многу брзо.
Сепак, францускиот стратег многу повеќе го посакува Пол Погба во тимот. Смета дека му е потребно освежување во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА