ПСЖ пред исфрлање од ЛШ: Финансискиот ферплеј надминат за 70 милиони евра

Богатиот француски клуб Пари Сен Жермен би можел да биде исфрлен од настапите во Лигата на шампионите следната сезона, доколку не успее до 1 јули да ги задоволи барањата на финансискиот ферплеј на УЕФА. Раководството на „светците“ претера со трансфери изминатото лето, го купи Нејмар од Барселона за рекордни 222 милиони евра, а го доби и Килијан Мбапе на позајмица од Монако, со обврска да плати перманентен трансфер од 180 милиони евра на крајот од сезоната.

Но, сега доаѓаат маките за челниците на Пари Сен Жермен. Тие ќе мора да продадат неколку фудбалери за да ги задоволат обврските на финансискиот ферплеј. Веќе се е подготвено за заминување на Анхел Ди Марија и на Лукаш Моура, а во најава се и Кевин Трап, Хавиер Пасторе, па дури и Единсон Кавани.

Се вчитува...