Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике сериозно размислува да го пресели Џанлуиџи Донарума на клупата за резерви.
Весникот „Екип“ пишува дека Шпанецот бил бесен на Италијанецот по неговото слабо претставување во поразот од Арсенал и дека сака промена на голот.
Луис Енрике летово инсистираше да добие уште еден голман, па Русинот Матвеј Сафонов пристигна под радарот за цели 20 милиони евра од Краснодар.
Тој дури доби шанса на три натпревари оваа сезона, а сега повторно би можел да го замени Донарума.
Во ПСЖ настапува и младиот Арнау Тенас, екс голман на школата на Барселона, кој минатото лето дојде како слободен играч кога не доби нов договор. Тој подоцна беше херој во олимпиското злато на Шпанија во Париз.
Усман Дембеле поради недисциплина не беше во комбинација со Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА