ПСЖ преку Арсенал до финале во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако по победата во Лондон од 0-1 и вечерва славеа против Арсенал, овојпат на домашен терен со 2-1.

Првата шанса во мечот ја имаа гостите во 8. минута кога Одегард одлично биеше од 16 метри, но одлично на голот интервенираше Џиџо Донарума.

Домаќините првпат посериозно го загрозија голот на гостинот во 17. минута кога Квича Квараскелија ја погоди стативата на Раја. „Светците“ сепак стигнаа до водство откако Фабијан Руиз во 27. минута испрати бомба за предност од 1-0.

Само неколку минути подоцна ПСЖ имаше нова шанса, но младиот Баркола не се снајде баш најдобро во противничкиот шеснаесетник.

Во вториот дел Витиња во 69. минута не успеа да реализира пенал, но само три минути подоцна домаќините стигнаа до водство од 2-0 со голот на Хакими. До крајот „топчиите“ постигнаа само утешен погодок преку Букајо Сака во 76. минута.

Во финалето тие за противник ќе го имаат Интер кој вчера во епски меч со вкупни 7-6 ја елиминираше Барселона. Финалниот меч е закажан за 31. мај, а ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен.

PSG 2 – [1] Arsenal – Bukayo Saka 76'
byu/ayoefico insoccer

Се вчитува...