ПСЖ продаде 120.000 дресови на Нејмар за еден месец

Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ чинеше огромни 222 милиони евра, но историскиот премин донесе и енормно зголемување на продажбата на дресови во новиот клуб. Само за еден месец, продадени се 120.000 дресови со името на Нејмар, што на клубот му донесе добивка од речиси 10 милиони евра.

Од клубот регистрираат и зголемување на продажбата на дресовите во однос на минатата година за неверојатни 75 проценти. Покрај Нејмар, огромна е побарувачката и за дресот на Килијан Мбапе, кој исто така дојде ова лето од редовите на Монако.

 

Се вчитува...