Фудбалерите на Пари Сен Жермен прокоцкаа два гола предност на домашен терен и на крајот одиграа само 2-2 на домашен терен против Брест во 19. коло во француската Лига 1.
Марко Асенсио во 38. минута донесе водство за домаќините од 1-0, додека до крајот на првото полувреме беше и 2-0 откако во 45. минута стрелаше Коло Муани. Во вториот дел гостите успеаја да намалат на 2-1 преку Камара во 55. минута, додека конечните 2-2 ги постави Переира во 80. минута. До крајот нервозата си го напраи своето па домаќините останаа со играч помалку по црвениот картон на Барцола.
PSG 2-0 Brest – Randal Kolo Muani 45′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА