Францускиот првак Пари Сен Жермен ремизираше (2-2) на домашен терен против Стразбур. Со триумф, ПСЖ ќе ја осигураше шампионската титула уште во ова коло. Тренерот Томас Тухел го остави на клупата од стартот Килијан Мбапе, но кога загусти го внесе во игра заедно со Драклер и Керер.
Чупо Мотинг донесе водство за „светците“, но Да Коста и Гонкалвес до крајот на првиот дел се погрижија за пресврт. Сепак, Керер во 82.минута го израмни резултатот, за конечна поделба на бодовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА