Францускиот првак Пари Сен Жермен ја разгледува можноста за раскинување на соработката со Ерик Максим Чупо-Мотинг. Доаѓањето на напаѓачот на „Паркот на принцовите“ беше изненадување за светската фудбалска јавност и се чини дека „светците“ направија превид, па сега сакаат да го исправат со спогодбен раскин на договорот.
Подготвени се и да го обештетат Чупо-Мотинг во одреден дел и да му дозволат да си замине како слободен агент. Преговорите ги води спортскиот директор Леонардо, кој од Милан повторно се врати во Париз.
За Чупо-Мотинг има интерес од клубови од Турција и од Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА