Францускиот првак Пари Сен Жермен нема намера да го продолжи договорот со Левин Курзава, откриваат медиумите во Франција. Раководството на клубот има интенција со него да се раздели во зимскиот преоден рок, со оглед дека тој има договор до крајот на сезоната. Тренерот Томас Тухел нема многу опции за левата странична позиција каде настапува Хуан Бернат, а на последниот меч против Дижон кој „светците“ го загубија му даде шанса на Абду Дијало.
Сепак, јасно е дека спортскиот директор Леонардо ќе побара многу подобро решение оваа зима и речиси сигурно ПСЖ ќе се засили со нов лев бек. Најверојатната опција е Матија де Шилјо, фудбалерот на Јувентус кој може подеднакво добро да игра и на десната и на левата странична позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

