Екипата на ПСЖ дополнително се доближи до полуфиналето во Лигата на шампионите, откако рано поведе против Астон Вила во Бирмингем, и сега има предност од 1-4 во вкупниот скор. На англискиот тим му требаат три гола за да се избори барем за продолженија, но тоа ќе оди тешко.
Голот за водство го постигна Ашраф Хакими. Десниот бек после еден противнапад успеа да го совлада Мартинез и така да го доближи тимот од Париз до пласманот меѓу најдобрите четири во Европа.
Водство има и Борусија Дортмунд. „Милионерите“ ја притиснаа Барселона, и успеаја да поведат со гол од пенал, откако Шчесни стартуваше над Грос. Сигурен реализатор беше Серху Гираси, за каква-таква неизвесност, со оглед дека Барселона има предност од 4-0 по првиот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА