ПСЖ се вклучи во трката за потписот на Иван Перишиќ. Јасно е дека хрватскиот репрезентативец нема да ја дочека новата сезона во дресот на Интер, но италијанскиот клуб не прифаќа понуда пониска од 50 милиони евра. „Нероаѕурите“ не успеаа да се пласираат на европските купови за следната сезона, па се очекува чистка во редовите, а токму Перишиќ може да биде првиот кој ќе го напушти „Џузепе Меаца“, бидејќи за него интересот е најголем.
Покрај францускиот клуб, за Хрватот се распрашуваат и Тотенхем, Челси и Јунајтед, но ниту еден од нив не сака да исплати 50 милиони евра, па најверојатно Интер ќе мора да попушти и да прифати пониски понуди, доколку сака да се ослободи од Перишиќ.
Пред извесно време 28-годишното крило беше пред вратите на „Олд трафорд“, односно така се шпекулираше откако Мурињо се појави во Загреб на пријателски натпревар помеѓу Хрватска и Украина, но португалскиот стратег демантираше дека бил да договара било каков трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА