Беше јасно како дека со доаѓањето на Нејмар и Мбапе, ПСЖ ќе биде вистински „кошмар“ за нивните противници, и во Франција и во Европа. Вчера „светците“ си поигруваа со тимот на Дижон, осум пати ја тресеа мрежата забележувајќи ја 18. победа во домашното првенство.
Со тие погодоци ја надминаа границата од 100 гола во една сезона во сите натпреварувања. Импресивните податоци велат дека ПСЖ досега постигна 106 погодоци на 31. натпревар, а напаѓачкото трио Нејмар – Кавани – Мбапе учествувале дури во 99 гола од вкупните 106.
Бразилецот вчера имаше своја вечер со четири гола и две асистенции, а неговата статисика вели дека моментално има учинок од 24 гола и 16 асиснтеции.
Кавани го изедначи рекордот на Ибрахимовиќ по бројот на погодоци во историјата на клубот, а сезонава вкупно забележа 26 гола и пет асистенции.
Килијан Мбапе исто така игра на највисоко ниво, младиот Французин досега комбинира 15 гола и 13 асистенции.
Имајќи во предвид дека има уште многу да се игра во оваа сезона, сите се прашуваат кога ПСЖ ќе застане со оваа „тортура“, но и дали ќе успеат да стигнат до бројката од 200 или повеќе погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА