Францускиот гигант Пари Сен Жермен го стопира својот интерес за чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез, тврди „Ле Паризиен“. Спортскиот директор на „светците“, Антеро Енрике, изминатиов викенд го мина во Лондон, во преговори со раководството на Арсенал, но и со агентот на Санчез, и сепак не успеа да најде заеднички јазик. Причината е јасна, Чилеанецот сепак бара преголема неделна плата, која достигнува и до 400.000 евра. Тоа е сепак премногу и за ПСЖ.
Од друга страна, раководството на францускиот клуб сака по секоја цена на „Паркот на принцовите“ да го доведе Бразилецот Нејмар од Барселона и кон овој мегатрансфер ги насочи сите сили. ПСЖ е подготвен да инвестира дури и половина милијарда евра во комплетниот трансфер на Нејмар ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА