ПСЖ се подмири со огромна загуба: 95 милионското засилување заминува за „ситно“

Трансферот на Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт го чинеше ПСЖ 95 милиони евра во 2023 година. 16 месеци подоцна, францускиот репрезентативец кој на 54 натпревари постигна само 11 голови и седум асистенции сега е на излезните врати од клубот кој е подготвен и за преголем загуба.

Муани заминува од ПСЖ веќе овој месец, а останува неизвесно само дали тоа ќе биде позјамица или откуп на договорот. За неговите услуги  најзаинтересиран е Тотенхем кој мака мачи во нападот по повредата на Ричарлисон и очајната форма на Вернер, но постои интерес и од Италија од Милан, Јувентус и Рома.

ПСЖ нема да добие ниту приближно блиску од трансфер сумата за Коло Муани. 95 милионското засилување се очекува да замине за сума од околу 20 милиони евра што ќе значи загуба од повеќе од 70 милиони евра.

Се вчитува...