ПСЖ се пофали: Шкринијар потпиша до 2028 година

ПСЖ вчера го промовираше Луис Енрике за нов тренер, а денеска како нов фудбалер на „светците“ од Париз и официјално беше претставен Милан Шкринијар.

Словачкиот репрезентативец доаѓа во ПСЖ како слободен играч по истекот на договорот со Интер, а се очекува во тимот на „светците“ да го заземе местото на Серхио Рамос, кој по две години си замина од „Паркот на принцовите“. Шкринијар уште пред неколку месеци начелно ги имаше прифатено условите понудени од ПСЖ, за денеска и официјално да потпише петгодишен договор со францускиот шампион.

„Пресреќен сум што станувам член на овој прекрасен клуб. ПСЖ е еден од најсилните тимови во светот, со играчи од светска класа и со фантастични навивачи“, изјави Шкринијар по потписот на договорот со „светците“.

Се вчитува...