ПСЖ се „пофали“ со засилување вредно 60 милиони евра

ПСЖ доведе уште едно ново име во своите редови. Тоа е 22-годишниот играч од средниот ред на Спортинг, Мануел Угарте. Уругваецот доаѓа во Париз за сума од 60 милиони евра, колку што парискиот клуб ќе му плати на тимот од Лисабон.

Договорот е на пет години, а според информациите ќе заработува околу 3,4 милиони евра по сезона.

ПСЖ ги победи во трката за неговиот потпис Челси, кој исто така беше заинтересиран. Францускиот тим претходно ги ангажираше Милан Шкриниар и Марко Асенсио целосно бесплатно со оглед дека им истекоа договорите. ПСЖ доби и нов тренер во името на Луис Енрике.

Се вчитува...