ПСЖ се „прошета“ на гостувањето кај Ним (ВИДЕО)

Актуелниот француски шампион го совлада Ним на гостински терен со 0-4. Килијан Мбапе донесе водство за гостите во 32. минута, а за издвојување од првиот дел е и директниот црвен картон на дефанзивецот на домаќините Ландре кој поради еден несмасен потег во стил на „кунг-фу“ мајстор го фаулираше Рафиња. Во второто полувреме Флоренци во 78. минута зголеми на 0-2, а само пет минути подоцна со својот втор гол на мечот Килијан Мбапе зголеми на 0-3. Конечните 0-4 ги постави Санабрија во 88. минута.

Со оваа победа „светците“ избија на делба на првата позиција на првенствената табела со Рен со по 15 освоени бода, додека Ним останува тринаесетти со 8 бода.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...