Колстад со извонредна партија во второто полувреме славеше над ПСЖ со 36-31, голем триумф за норвешкиот првак за што подобар пласман во групата во која се наоѓа и нашиот првак Е. Пелистер. „Светците“ од Париз имаа контрола во првиот дел, на одмор заминаа со предност од 14-16, но тимот на Раул Гонзалес целосно се распадна во вторите 30 минути, примајќи 22 гола за едно полувреме и заслуќено губејќи го овој натпревар.
Магнус Ред одигра извонреден натпревар постигнувајќи 11 гола за Колстад, Лисе додаде шест, а Сагосен пет погодоци за победничкиот тим, а најдобри стрелци кај ПСЖ беа Пранди и Сипжак со по седум погодоци.
Веспрем лесно и убедливо славеше на гостувањето против Целје со 33-40. Словенечкиот првак одигра неколку неизвесни средби сезонава, но денеска беше немоќен за посериозен отпор против унгарскиот ракометен гигант, кој го контролираше резултатот од почеток до крај и лесно прокнижи нови бодови, за шеста победа во седмиот меч во ЛШ сезонава.
Деска со осум гола ги предводеше стрелците на Веспрем, пет постигна Фабрегас, додека најефикасен во таборот на Целје беше Цокан со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА