ПСЖ се спасуваше во Бирмингем, Барселона слави и покрај поразот во Дортмунд (ВИДЕО)

ПСЖ и Барселона се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако вечерва и покрај поразите во Бирмингем и во Дортмунд, успеја да се пласираат меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Се одиграа интересни реванш дуели, во кој Астон Вила можеше лесно да го елиминира фаворитот и покрај негативата од 3-1, додека Борусија Дортмунд стигна најмногу до два разлика против Барселона, и и го нанесе првиот пораз во 2025 година после долга серија.

Крајно драматично беше и на двата натпревари, а особено во Бирмингем каде што Џанлуиџи Донарума е вистински спасител за ПСЖ, откако при 3-2, одбрани два зицери на домашните играчи, не дозволувајќи Астон Вила да го израмни вкупниот резултат.

ПСЖ тргна одлично, и Хакими во 11. минута, а потоа Мандеш во 28. минута донесоа 0-2, и се чинеше дека тоа требаше да биде доволно за полуфинале. Меѓутоа следуваше големо опуштање на фудбалерите на Луис Енрике, а тоа го казнија домаќините кои со три гола дојдоа до голем пресврт. Најпрво Тилеманс во 34. минута намали, за потоа Мекгини со прекрасен гол да успее да израмни.

Во 57. минута Конса на асистенција на Рашфорд носи големи 3-2 за Астон Вила. Следуваше прекрасната можност за Тилеманс, кој со глава се обиде, но во последен миг Донарума со прекрасна интервенција спаси, а потоа го одбрани и ударот еден на еден на Асенсио, и е вистински херој на својот тим. На крајот и Пачо спаси чист гол по интервенцијата од самата гол линија и така не дозволи Астон Вила да дојде до тој посакуван четврти гол.

Во Дортмунд исто така беше неизвесно до крај, иако никој не веруваше во чудо. Борусија Дортмунд брзо дојде до предност со гол на Гираси од пенал, и тој резултат беше на полувреме. На стартот на вториот дел, Гираси со глава носи 2-0 за „милионерите“. Набрзо потоа Бенсебаини си постигна автогол, и го намали резултатот. Меѓутоа Гираси со својот хет-трик донесе предност од 3-1, и надеж дека може да ја стигне огромната предност на Барселона.

Се вчитува...