ПСЖ со два гола позитива заминува на реваншот на „Енфилд“ кај Ливерпул, откако вечерва го совлада англискиот тим со 2-0. Победата на „Светците“ можеше да биде и поубедлива, со оглед дека европскиот првак целосно го надигра противникот, и имаше уште неколку добри шанси да оствари и повисок триумф.
Дуе во 11. минута со помош на блокот на Гравенберх донесе предност за ПСЖ. Францускиот фудбалер шутираше од 23-24 метри, топката се одби од Холанѓанецот и заврши зад грбот на Мамардашвили.
Во вториот дел Кварацхелија по асистенција на Невеш носи и 2-0 за ПСЖ.
Дембеле, Дуе, Хакими имаа шанси, а Дембеле ја здрма стативата во 87. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

