Францускиот првак Пари Сен Жермен многу потешко од очекувањата излезе на крај со Ним на гости, совладувајќи го со 2-4 во четвртото коло од шампионатот. „Светците“ поведоа со 0-2, но потоа дозволија домаќинот да израмни, а Килијан Мбапе и Единсон Кавани донесе триумф во финишот.
Нејмар во 36.минута го отвори резултатот, а Ди Марија четири минути подоцна погоди директно од корнер. Сепак, Ним не се предаде по почетното водство на ПСЖ. Бобинчон во 63.минута намали на 1-2, а Савание осум минути подоцна од пенал успеа да израмни. Но, квалитетот на ПСЖ не е спорен, па тимот на Томас Тухел на крајот стигна до победа. Во завршницата, Мбапе и Савание заработија црвени картони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА