ПСЖ сигурен со Пик Сегед, реми на Кјелце и Алборг

Пари Сен Жермен славеше со убедливи 37-33 на домашен терен против Пик Сегед во последниот меч од групната фаза за двата тима сезонава во Лигата на шампионите.

„Светците“ во текот на целиот меч беа подобар противник и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на победа. Kaмил Шипжак со десет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Мартинш и Гарсијандиа постигнаа по осум.

Откако данскиот Алборг ја осигура втората позиција во групата А денеска на домашен терен против Кјелце излезе на терен без своите најдобри ракометари Микел Хансен и Никлас Ландин. Полјаците одиграа добар меч, но и покрај се не успеаја да победат и на крајот мечот заврши нерешено 35-35. Мадс Хангард беше неверојатен во таборот на домаќините постигнувајќи 12 гола од 13 обиди. Кај гостите Алекс Дујшебаев постигна седум гола.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...